МАСКА ЗА СЛАБА И КРШЛИВА КОСА
ПОТРЕБИ СОСТОЈКИ:
1/3 шолја растително масло
1 лажичка камилица
Листови од коприва
Листови од бреза
1 жолчка
1 лажичка мед
1 лажичка лимонов сок
2-3 капки масло од рузмарин
ПОДГОТОВКА: Загрејте го растителното масло и додадете ја камилицата, ливчињата од коприва и бреза. Оставете да се вари околу 30 минути, па во смесата додадете ја жолчката, медот, лимонот и маслото од рузмарин и промешајте добро.
Направете темно кафе (на пример, еспресо или турско кафе) и оставете го да се олади. Измијте ја косата со шампон и потоа потурете ја со кафето (исцедено, без талог). Оставете го да дејствува додека не завршите со туширањето и на крајот измијте ја косата само со млака вода.
Колку кафе ќе искористите зависи од должината на косата.
Сувата оштетена коса е најголем предизвик за одржување, бидејќи изгледа круто, без сјај и разлетано. Дајте ѝ мекост и нежен изглед на сувата коса со балсам од жолчка од јајце и бебешко масло.
Измешајте ги состојките во шише. По миењето со шампон, нанесете ја смесата на косата и оставете ја 10 минути. Измијте ја косата уште еднаш со шампон и млака вода.